Извршен е напад на градот Лисичанск во источна Украина, има луѓе под урнатините
Гранатиран е градот Лисичанск во источна Украина.
Уништени се станбени згради и најверојатно има луѓе под урнатините. Регионалниот водач на Луганск, Сергеј Гајдаи опиша каква е состојбата.
„Оштетени се голем број високи згради. Очекуваме информации за жртвите. Многу згради се урнаа. Спасувачите се обидуваат да извлечат луѓе од урнатините“, вели тој.
На 24 минатиот месец, Русија ја нападна Украина. Русија бара припојување на Крим, Доњецк и Луганск, Украина да биде воено неутрална и да се направи денацификација.фото Твитер
Слично
