Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗВЛЕЧЕНО Е БЕЗЖИВОТНОТО ТЕЛО НА БРИТАНСКИОТ МИЛИЈАРДЕР ОД МОРСКИТЕ ВОДИ КАЈ СИЦИЛИЈА: Се уште се трага по Хана, неговата ќерка

ИЗВЛЕЧЕНО Е БЕЗЖИВОТНОТО ТЕЛО НА БРИТАНСКИОТ МИЛИЈАРДЕР ОД МОРСКИТЕ ВОДИ КАЈ СИЦИЛИЈА: Се уште се трага по Хана, неговата ќерка

Италијанската крајбрежна стража денеска потврди дека телото на британскиот технолошки магнат Мајк Линч е меѓу извлечените во близина на брегот на Сицилија од остатоците на јахтата Bayesian која потона во понеделникот.

Спасувачките екипи ги извлекоа телата на Линч и уште четворица патници. Останатите кои потонаа во бродот чии тела беа пронајдени се Џонатан Блумер, претседател на „Морган Стенли Интернешнел“, неговата сопруга Џуди Блумер, повереник на британска добротворна организација која финансира истражување за гинеколошки карциноми, Крис Морвило, партнер во адвокатската фирма Клифорд Ченс и неговата сопруга Неда Морвиљо, дизајнерка на накит.

По 18-годишната Хана Линч, ќерката на „британскиот Бил Гејтс“, Мајк Линч се уштесе трага.

Јахтата Bayesian, долга 56 метри под британско знаме, потона во невреме во понеделникот рано наутро додека беше закотвена околу еден километар од брегот.

Претставниците на цивилната одбрана рекоа дека веруваат дека бродот бил фатен во торнадо што го превртел и потоа потонал за само 60 секунди.

Линч го прославуваше своето неодамнешно ослободување од обвиненијата за измама со луѓето кои го бранеа на тоа судење.


Слично

Поврзани вести