Економија, финансии, бизнис

Контакт

Извлечени остатоците од телата на жртвите од подморницата Титан

Извлечени остатоците од телата на жртвите од подморницата Титан

Инженерите ги извлекоа остатоците од телата на жртвите и остатоците од подморницата „Титан“ која експлодираше во јуни за време на туристичка обиколка, кога загинаа сите пет патници, соопшти американската крајбрежна стража.

Претставници на крајбрежната стража изјавија дека дополнителни делови од подморницата биле извадени од морското дно минатата недела и однесени во американското пристаниште, пренесе Би-Би-Си.

Според извештаите, медицинските службеници ќе ги анализираат човечките останки. Подморницата „Титан“ експлодира на 18 јуни за време на експедиција преземена со цел туристичко набљудување на остатоците од „Титаник“ во северниот дел на Атлантикот, во близина на брегот на Њуфаундленд, Канада.


Слично

Поврзани вести