ИЗВИНУВАЊЕ: Вашингтон објаснува – Нуланд научила да пцуе на руски брод!
Американскиот Стејт департмент и испратил официјално извинување на Европската Унија за тајно снимениот разговор во кој помошникот државен секретар Викторија Нуланд „сочно“ ја опцу Европската унија поади начинот на кој се поставува во врска со кризата во Украина.
„Ние секако тесно соработуваме со Европската Унија и со претставниците на ЕУ, и помошникот државен секретар Нуланд тоа секако го прави по прашањето на Украина. Таа беше во близок контакт со високата претставничка на ЕУ Ештон, со други функционери, и секако се извини за овие наводни коментари“, изјави Џен Псаки, портпарол на Стејт департментот
Снимката, на која Нуланд разговара си американскиот амбасадор во Украина се претпоставува дека е снимена од страна на Русија и беше поставена на интернет од анонимен корисник. Иако за ова нема официјална потврда, сепак Псаки коментира дека ова е нов низок удар од страна на Русија, поради начинот на кој руски функционери ја промовираа снимката.
За изборот на зборови на Нуланд, портпаролката Псаки вината ја префрли на фактот што како млада Нуланд работела на руски рибарски брод, каде не само што добро научила руски, туку научила и да пцуе.
„Ја знам Викторија добро, можеби знаете дека живеела на руски брод едно осум месеци кога имала 23 години, и тогаш научила како да употребува одредени зборови на неколку јазици. Мислам дека кажаното повеќе зборува за начинот на изразување отколку за ставот кон Европската Унија“, изјави Псаки.
Освен тоа што ја опцу ЕУ, Нуланд во телефонски разговор отворено навестува дека САД не го сакаат боксерот Виталиј Кличко во новата украинска Влада, туку преферираат да ја предводи Арсениј Јаценјук. Целиот разговор можете да го слушнете на следниот линк:
Скандал: Викторија Нуланд „сочно“ ја опцу ЕУ!
Слично
