ИЗВИКУВАЛЕ „АЛАХ АКБАР“ ДОДЕКА ВО ОГАН ГОРЕЛЕ РУСКИТЕ ПИЛОТИ: Видео кое го вознемири светот
Сириските бунтовници денеска го гаѓале рускиот хеликоптер, кој поради тоа морал принудно да слета во сириската провинција Латакија, блиску до местата кои се под контрола на режимските сили, соопштила денеска Сириската опсерваторија за човекови права.
Во соопштението се наведува дека групата на сириските бунтовници, снабдена со американско оружје, наведува дека тие го погодиле рускиот хеликоптер со противтенковска ракета, пренесе „Ројтерс“.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/markito0171/status/669148116235526145?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]На најновото видео кое е објавено на интернет се покажува како урнатиот авион гори додека се слушаат експлозии, а цело време е следен со зборовите „Алах Акбар“.
Инаку, Турција денеска го повикала рускиот амбасадор во Анкара, а Русија турскиот воен амбасадор во Москва веднаш по уривањето на рускиот борбен авион во Сирија.
