Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗВЕСТИ ДЕКА МРТОВЕЧНИЦИТЕ СЕ ПОЛНАТ СО МАЧЕНИЦИ: Палестински новинар загина со семејството

ИЗВЕСТИ ДЕКА МРТОВЕЧНИЦИТЕ СЕ ПОЛНАТ СО МАЧЕНИЦИ: Палестински новинар загина со семејството

Уште еден новинар загина во Појасот Газа. 

Официјалната палестинска телевизија објави дека нејзиниот репортер во Појасот Газа, Мохамед Абу Хатаб, загинал денеска кога израелски проектил ја погодил неговата куќа.

„Колегата Абу Хатаб падна како маченик со членовите на неговото семејство во израелското бомбардирање на неговата куќа во Кан Јунис“, јави „Палестајн ТВ.

Медицински извори во болницата „Насер“, во Кан Јунес, за француските медиуми открија дека во нападот загинале 11 луѓе. 

Во своето последно телевизиско јавување денеска 52-годишниот Абу Хатаб информира дека „мртовечниците се полнат со маченици“, а други тела се под урнатините.

Како што објави Палестинската асоцијација на новинари, најмалку 27 палестински новинари се убиени во Појасот Газа. На 7 октомври палестинската терористичка група Хамас почна со напади на Израел. Долги години двата народи имаа судири. 

Во израелски напад минатиот месец во својот дом загина Рошди Сараj, основачот на Аин Медиа.


Слично

Поврзани вести