Економија, финансии, бизнис

Контакт

Извештај на разузнавачи открива досега непознат податок за појавата на коронавирусот

Извештај на разузнавачи открива досега непознат  податок за појавата на коронавирусот

Се појавија нови податоци околу потеклото на коронавирусот. Во извештајот на американската разузнавачка служба стои дека повеќе истражувачи на кинескиот Институт за вирусологија во Вухан заболеле уште во ноември 2019 година, пренесе Б92.

Пишува дека луѓето се во болница, а новите детали за симптомите кои се јавиле може да покренат нова расправа за потеклото на вирусот. На ова укажуваат два извора запознати со документот. Во извештајот кој официјален Пекинг го поднел до Светската здравствена организација, владата на Кина тврди дека првиот пациент со симптоми на Ковид-19 е откриен на 8 декември 2019 година во Вухан. Во извештај на Стејт департментот составен за време на администрацијата на претседателот Доналд Трамп и објавен во јануари се наведува дека кинеските истражувачи се раболеле во есента 2019 година, но не се тврди дека биле во болница, пренесе Си-ен-ен.

СЗО прати екипа да утврди што се случувало во Вухан. Имаше различни теории, дека вирусот избегал од лабораторија, дека се појавил кај лилјаците, дека се проширил од сточен пазар во градот и слично. Дури имаше и тврдења дека пред да се појави во Кина, вирусот циркулирал во Италија. 

Слично

Поврзани вести