Извештај на државната телевизија на Сирија: Тројца повредени и соборени 13 проектили
Јавниот телевизиски сервис на Сирија објави дека нападот на САД, Британија и Франција е „грубо кршење на меѓународното право“ и дека против-воздушната одбрана јужно од главниот град Дамаск успеала да собори 13 од вкупно 120 проектили истрелани од западните сојузници.
Од државната телевизија на Сирија наведуваат дека нема човечки жртви во еднократниот ракетен напад и дека досега се пријавени само тројца како повредени. Од таму информираат дека главна цел на нападот бил Научно-истражувачкиот центар на Сирија, каде што се оштетени неколку градби и лаборатории.
Слично
