Економија, финансии, бизнис

Контакт

Изведе 56 воздушни напади: Јордан им се одмаздува на џихадистите

Изведе 56 воздушни напади: Јордан им се одмаздува на џихадистите

Јордан од воздух изведе 56 напади на магацините на оружје, центри за обука и касарни на војската на екстремистичката организација на Исламската држава, бидејќи таа објави снимка на која е прикажано како жив е запален јорданскиот пилот, изјавил денеска пред новинарите командантот на јорданските воздухопловни сили, генералот Мансур ел Џабур.

Во меѓувреме, ескадрилите на борбените авиони Ф-16 од Обединетите Арапски Емирати стигнале во Јордан. Емиратите наведуваат дека праќаат борбени авиони да му пружат поддршка на Јордан а претставник од владата од Аман додал дека тие ќе учествуваат во нападите на силите на Исламската држава.

Јорданските претставници се залагаат за остра одмазда поради убиството на пилотот Муат ел Касеабех од Јордан, кој беше заробен од Исламската држава и потоа жив запален во кафез во кој го држеа, а снимките ги објавија на интернет.

Џабур наведува дека Јордан со бомбардирањето на положбите на Исламската држава го постигнал она кон што тежнеел - „одмазда за Муат“.

„И ова не е крај. Ова е почеток“, додал тој.

Последните денови јорданските претставници и упатуваат остри предупредувања на Исламската држава, наведувајќи дека одмаздата нема да престане се додека таа екстремистичка група не биде уништена.

САД и неколку арапски земји, вклучувајќи го и Јордан, од септември ги бомбардираат положбите на Исламската држава во Сирија.

Целта на кампањата е да се потисне таа џихадистичка организација, која освои големи делови од територијата на Ирак и Сирија и на нив прогласила „калифат“.

Според зборовите на јорданскиот генерал, од почетокот на бомбардирањето, загинале околу 7000 војници поради Исламската држава чии сили се проценуваат на повеќе од 40 000 луѓе.

Саудиска Арабија, Јордан, Бахерин и Емиратите учествуваат во воздушните удари во Сирија, со логистичка поддршка на Катар.

Слично

Поврзани вести