Економија, финансии, бизнис

Контакт

Израелците стравуваат од економски колапс

Израелците стравуваат од економски колапс

Три четвртини од Израелците сметаат дека социјалниот и економски колапс на нивната земја претставува поголема закана од спорната иранска нуклеарна програма, соопшти денеска хуманитарната организација „Латет“.

Сиромаштијата и социјалната нееднаквост ги загрижуваат повеќето Израелци, додека образованието е на второ, а националната безбедност дури на трето место.

- Седумдесет и пет отсто од јавноста смета дека социјално-економскиот колапс за Израел претставува поголема закана од Иран, се наведува во извештајот, во кој не е наведен бројот на анкетирани лица.

Извештајот е изработен пред општите избори во Израел, закажани за 22 јануари.

Слично

Поврзани вести