Економија, финансии, бизнис

Контакт

Израелско-палестинскиот конфликт ја фрли индустријата на колена

Израелско-палестинскиот конфликт ја фрли индустријата на колена
Повеќе од 250 фабрики и градилишта се целосно разурнати во израелската воена офанзива во Газа, со што речиси 60.000 луѓе останаа без работа. Според податоците на Обединетите нации, во жестоките израелско-палестински судири настрадаа најмалку 1.960 Палестинци и 67 Израелци, а повеќе од 10.000 се повредени. Но, освен ова конфликтот се заканува да предизвика вистински економски колапс, особено на палестинските територии, каде што материјалните штети се огромни. „Оваа војна, исто така, се води за да го уништи општественото и економското ткиво на Газа“, тврди Али Хајек, претседател на Палестинската индустриска федерација  во Газа. „Од фабрики за преработка на храна до фармацевтски и градежни фабрики, Израел ги гаѓаше нашите главни капацитети. Тоа го направија од само една причина - да ја уништат нашата економија. Ова е огромна криза за нас. Газа изгледа како да ја погодило цунами“, додаде тој за Ал Џазира. Палестинските власти се решени да бараат отштета за уништување на имотот кој нема воена употреба. Израелската војска во неколку наврати негира дека намерно ги гаѓа палестинските индустриски капацитети.
Слично

Поврзани вести