Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кажа зошто морале да го нападнат Иран
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вели дека Израел и САД почнале напади за да ја „отстранат егзистенцијалната закана“ што ја претставува Иран.
Кажа дека акцијата ја прават за „да се создадат услови“ Иранците да ја променат својата судбина.
„Мои браќа и сестри, граѓани на Израел, пред кратко време Израел и Соединетите Американски Држави започнаа операција за отстранување на егзистенцијалната закана што ја претставува терористичкиот режим во Иран. Му се заблагодарувам на нашиот голем пријател, претседателот Доналд Трамп, за неговото историско водство. 47 години, режимот на ајатолахот извикуваше „Смрт за Израел“ и „Смрт за Америка“. Тој ја пролеа нашата крв, уби многу Американци и го масакрира сопствениот народ“, продолжува Нетанјаху.
Кажа дека на тој терористички режим не смее да му се дозволи да се вооружи со нуклеарно оружје што би му овозможило да го загрози целото човештво.
„Нашата заедничка акција ќе создаде услови храбриот ирански народ да ја земе својата судбина во свои раце“. „Дојде време сите делови од иранскиот народ – Персијците, Курдите, Азербејџанците, Белуџите и Ахвазите – да го отфрлат јаремот на тиранијата и да донесат слободен и мирољубив Иран. Ве повикувам вас, граѓани на Израел, да ги следите упатствата на Командата на домашниот фронт. Во наредните денови, за време на операцијата „Лавово рикање“, од сите ќе се бара да покажеме трпение и внатрешна сила“, вели тој.
Израелскиот премиер кажа дека сакаат да ја обезбедат иднината на Израел.
foto prinskrin
