Економија, финансии, бизнис

Контакт

Израелскиот министер Бен Гвир порача дека договорот на Трамп со Иран не го обврзува Израел

Израелскиот министер Бен Гвир порача дека договорот на Трамп со Иран не го обврзува Израел

Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен Гвир изјави дека договорот со Иран, објавен од американскиот претседател Доналд Трамп, нема обврзувачка сила за Израел бидејќи земјата не е негов потписник.

Во соопштение, Бен Гвир порача дека Израел е независна и суверена држава и дека неговата безбедносна политика не може да зависи од договори во кои самата земја не учествувала.

Според него, договорот не дава доволни гаранции за безбедноста на Израел. Тој додаде дека Израел треба да ги задржи позициите што неговите сили ги освоиле во Либан и да не се повлекува од тие територии.

Слично

Поврзани вести