Израелски напади врз Јужен Либан однесоа најмалку 12 животи
Најмалку 12 лица загинаа во нови израелски напади врз Јужен Либан, соопшти либанското Министерство за здравство.
Според либанските власти, нападите биле извршени врз повеќе локации во јужниот дел на земјата, каде Израел продолжува со операции насочени кон Хезболах, и покрај претходно објавениот прекин на огнот.
Новата ескалација доаѓа во пресрет на најавените разговори меѓу Либан и Израел, кои треба да се одржат на 14 и 15 мај во Вашингтон. Целта на средбите е да се подготви терен за можни мировни преговори меѓу двете страни.
Либан и Израел формално се во воена состојба од 1948 година, а претходните разговори во април беа први од ваков вид по повеќе од три децении.
Слично
