Економија, финансии, бизнис

Контакт

Израелски министер од Париз порача дека Палестинците не постојат

Израелски министер од Париз порача дека Палестинците не постојат

Израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич одржа говор во Париз каде го негираше постоењето на Палестинците. Тој вели дека поимот за палестински народ е вештачки.

„Не постои такво нешто како палестинска нација. Нема палестинска историја. Нема палестински јазик“, рече тој во Франција.

Министерот се обрати на говорница обложена со нешто што изгледаше како карта на Израел, која ги вклучува окупираниот Западен Брег и делови од Јордан.

Палестинскиот премиер Мохамед Штајех изјави дека забелешките на Смотрич се „убедлив доказ за екстремистичката, расистичка ционистичка идеологија која управува со партиите на актуелната израелска влада“. Смотрич има историја на навредливи изјави против Палестинците. Минатиот месец тој повика палестинскиот град Хавара на Западниот Брег да биде „избришан“ откако радикалните еврејски доселеници дивееја низ градот како одговор на нападот со пукање во кој загинаа двајца Израелци. Смотрич подоцна се извини по меѓународната осуда. Во Појасот Газа често има вооружени инциденти помеѓу Палестинците и израелската армија. 

Слично

Поврзани вести