ИЗРАЕЛСКИ МИНИСТЕР: Хамас мора да се избрише од лицето на планетата
Шефот на дипломатијата на Израел, Ели Коен, денеска изјави дека нема да се сретне со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, откако шефот на ОН го критикуваше израелското бомбардирање на Газа.
„Нема да се сретнам со генералниот секретар на ОН. По масакрот на 7 октомври, нема простор за балансиран пристап. Хамас мора да се избрише од лицето на планетата!“,објави Коен денеска на социјалните мрежи.
Во обраќањето пред Советот за безбедност на ОН во Њујорк, Гутереш денеска рече дека е „длабоко загрижен поради јасното прекршување на меѓународното хуманитарно право на кое сме сведоци во Газа“. Според него, заштита на цивилите не значи да се нареди повеќе од милион луѓе да се евакуираат на југ, каде што нема засолниште, храна, вода, лекови или гориво.
Хамас на 7 месецов почна со напади на Израел.
Денеска повторно имало голем ракетен напад од Газа кон Израел.
