Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗРАЕЛСКИ И АМЕРИКАНСКИ МЕТИ: ИСИС и Ал Каеда повикаа на напади

ИЗРАЕЛСКИ И АМЕРИКАНСКИ МЕТИ: ИСИС и Ал Каеда повикаа на напади

Терористички групи повикуваат на напади на американски и израелски цели. 

Ал каеда и ИСИС ги повикаа своите следбеници да напаѓаат израелски, американски и еврејски мети. 

Во неодамнешно соопштение на Ал шабаб, моќна подружница на Ал Каеда во Сомалија, се наведува дека конфликтот на Блискиот Исток не е само „битка на исламските фракции во земјата Палестина туку битка на целиот муслимански свет“.

„Муслиманите мора да е соберат и да понудат сè што можат за да ги поддржат муџахедините против Евреите и нивните лицемерни сојузници неверници. Силата на оваа нација лежи во силата на нејзините џихадистички фронтови“, стои во соопштението.

Други подружници на Ал Каеда во Јемен и Сирија објавија слични соопштенија.

Од 7 октомври, Хамас почна со напади на Израел. Во Франција со денови има дојави за бомби, односно закани за напади. 

Полицијата доби мејл во кој се тврди дека Франција е „земја на неверниците“, а Версајската палата беше евакуирана. 

Слично

Поврзани вести