Економија, финансии, бизнис

Контакт

Израелка со две деца раскажа како го преживеала грабнувањето од милитантите на Хамас

Израелка со две деца раскажа како го преживеала грабнувањето од милитантите на Хамас

Жена од Израел раскажа како се случило групата Хамас да ја киднапира и како се спасила. 

Израелка со две мали деца,  приказната за киднапирањето ја раскажала за Си-Ен-Ен. Авитал Алајем и нејзиниот сосед се сокриле во плакарот во саботата кога осум милитанти на Хамас ја бомбардирале вратата од нивната зграда и почнале да пукаат. Милитантите го убиле нејзиниот сосед, а жената и двете деца на нејзината пријателка која е исчезната, морале да заминат со вооружени мажи. Додека нејзината населба горела, милитантите ја влечеле повредена кон Газа, помалото од двете деца е бебе, додека постарото дете има само четири години.

„Само си повторував дека можеби некои жени таму ќе се грижат за нас, можеби ќе бидат малку похумани кон нас“, рече таа.

Алајем не знае зошто, но милитантите ја пуштиле неа и двете деца откако преминале во Газа.

„Не знам зошто ги спасија животите на децата и мене. Само ми рекоа да одам. И тогаш почнавме назад. Видов тенкови и слушнав многу бомби. Само продолживме“, рече Алајем.

Жената морала да ползи назад до својот дом затоа што шрапнели го повредиле нејзиното  стапало.

Терористите убиле стара жена, ја фотографирале и ја објавиле на социјалните мрежи. 

Се појави ново видео на кое милитантите на Хамас грабнуваат израелски граѓани од нивните домови и ладнокрвно ги убиваат. Автентичноста на видеото ја потврди „Вашингтон пост“.

Терористите извршија напад и на фестивал, каде убија и странски државјани. 

Слично

Поврзани вести