ИЗРАЕЛЦИТЕ УБИЈА ДВАЈЦА ПАЛЕСТИНЦИ: Се движеле кон северниот дел на Газа
И покрај примирјето, Израелците убиле двајца Палестинци кои се движеле кон северниот дел на Газа.
Израелските сили убиле двајца и раниле 11 Палестинци, јавува новинската агенција Асошиетед прес. Палестинците тргнале кон главната борбена зона во северниот дел на Газа и покрај предупредувањата од израелската војска да останат на место за време на привремениот прекин на огнот.
Новинарот на АП забележал две тела и видел ранети како пристигнуваат во болница во градот Деир ал Балах во јужна Газа. Ранетите се застрелани во нозете.
Престрелката дојде неколку часа откако израелската војска ги предупреди раселените Палестинци кои побараа засолниште на југ да не се враќаат во своите домови во северниот дел од територијата за време на четиридневниот прекин на огнот.
Утрово се забележани стотици Палестинци кои се обидуваат да се пробијат во северниот дел на Газа. Откако стапи на сила четиридневното примирје, се огласија сирените за тревога во израелското летувалиште Еилат на Црвеното Море. Ројтерс ја пренесе изјавата на Израелските одбранбени сили (ИДФ) во која се предупредува за можен воздушен напад со долг дострел од Јемен.
Лидерот на палестинскиот исламски џихад денеска изјави дека израелските војници кои се меѓу 240-те заложници однесени во Појасот Газа ќе бидат ослободени само во замена за сите Палестинци во израелските затвори.
Дванаесет тајландски државјани, земени како заложници од Хамас, веќе се ослободени од милитантната група во Газа.
foto printskrin
