Економија, финансии, бизнис

Контакт

Израелците од денес не можат да одат никаде без „зелена карта“

Израелците од денес не можат да одат никаде без „зелена карта“

Во Израел од денеска „зелена карта“, ќе се употребува скоро во сите области од јавниот живот. 

Секој на возраст над 3 години мора да докаже дека е вакциниран, дека прележал коронавирус или дека е негативен ако сака да присуствува на спортски или културни настани, во спортски сали, музеи, ресторани, универзитети и конференции.

Во верските објекти, исклучокот важи за најмногу 50 луѓе. Секој над 12-годишна возраст мора сам да плати за тестовите.

Министерството за здравство објави дека имаат 8.726 нови случаи на инфекција со коронавирус. Тоа се највисоки бројки по повеќе од половина година.

Сепак, повеќе од 58 проценти од приближно 9,4 милиони жители на Израел се целосно имунизирани. Повеќе од милион жители веќе ја добиле третата, дополнителна доза од вакцината против коронавирус.

Со мерките израелската влада се обидува да спречи можно затворање за еврејските празници во септември.

Слично

Поврзани вести