ИЗРАЕЛЦИТЕ ГО НАПАДНАА КАМПОТ ЏАБАЛИЈА: Загинаа над 60 Палестинци
Повеќе од 60 Палестинци се убиени во израелски напад врз кампот Џабалија.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска ги продолжија воените операции во Појасот Газа пред почетокот на договорениот прекин на огнот. Kaко што објави палестинската новинска агенција Вафа, девет лица се убиени во нападите врз кампот Нусејрат во централниот дел на Појасот Газа, а повеќе од 60 Палестинци се убиени во одделен израелски напад врз кампот Џабалија на северот на Газа, јавува Би-Би-Си.
Евакуацијата на преостанатите пациенти од болницата Ал Шифа во Газа, со 14 амбулантни возила, почна денеска во координација со Обединетите Нации и меѓународната хуманитарна невладина организација „Лекари без граници“, соопшти палестинскиот Црвен крст.
Шефицата на УНИЦЕФ, Кетрин Расел денеска го оквалификува опколениот Појас Газа како „најопасното место во светот за да се биде дете“. Расел рече дека над 5.300 деца биле убиени во Газа од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври.