Израелците фатија член на Хамас кој се криел во кампот каде се одржуваше фестивал
Фатен e член на Хамас. Toj од саботата се криел во кампот на „фестивалот на смртта“ во Израел.
Одбранбените сили на Израел сè уште го пребаруваат главниот камп на фестивалот Нова, местото на еден од најлошите терористички напади во историјата на земјата, во кој загинаа повеќе од 260 луѓе. Скај њуз беше сведок на фаќањето на член на Хамас кој со денови се криел во кампот.
„Војниците трчаа кон надворешниот раб на кампот. Уапсија човек со нож за кој веруваат дека е борец на Хамас кој се криел на местото на злосторството од саботата. Војниците го соблекле човекот, го натерале да клекне на подот , му ги врзале очите и му ставиле лисици“, јавуваат новинарите на Sky News.
Веќе подолго време постои загриженост дека милитантите на Хамас сè уште се кријат на различни локации во јужен Израел откако во голем број ја преминале границата од Појасот Газа.
Израелската армија денеска објави дека од почетокот на војната против Хамас, фрлила 6.000 бомби врз Појасот Газа.Поранешниот лидер на Хамас Калед Мешал ги повика муслиманите ширум светот да излезат на улиците и плоштадите утре за да протестираат за поддршка на Палестинците и ги повика соседните земји да се приклучат во борбата против Израел.
