Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗРАЕЛ ВРШИ „КОЛЕКТИВНО КАЗНУВАЊЕ“ НА ПАЛЕСТИНЦИТЕ: Во Газа загинаа над 7.000 луѓе од кои скоро половина се деца

ИЗРАЕЛ ВРШИ „КОЛЕКТИВНО КАЗНУВАЊЕ“ НА ПАЛЕСТИНЦИТЕ: Во Газа загинаа над 7.000 луѓе од кои скоро половина се деца

Палестинската власт тврди дека во Газа загинаа повеќе од 7.000 луѓе, а речиси половина од нив се деца.

Министерството за здравство во Појасот Газа, каде управува исламистичкиот Хамас, oбјави дека од почетокот на израелското бомбардирање на палестинската енклава на 7 октомври загинале 7.028 лица, меѓу кои 2.913 деца. Убиени се 1.709 жени, а ранети се 18.484 луѓе, пренесе агенцијата Франс прес.

Оваа петта израелска војна против Хамас е најсмртоносната по повлекувањето на Израел од Газа во 2005 година, две години пред Хамас да ја преземе власта насилно, поразувајќи ги силите лојални на поумерениот Фатах.

Во Израел од 7 октомври загинаа повеќе од 1.400 луѓе, најголем дел цивили. Повеќето од нив загинаа на првиот ден од нападот, кога стотици екстремисти на Хамас ја пробија граничната ограда и навлегоа во јужниот дел на израелската територија со поддршка на баражен ракетен оган. На израелска страна се ранети повеќе од 5.400 луѓе. Хамас тој ден зароби повеќе од 220 луѓе и ги однесе во Појасот Газа. Досега ослободи четири жени, меѓу кои и две Американки.

Конфликтот меѓу Хамас и Израел може да прерасне во регионална војна од големи размери. Западните влади сакаат да го спречат тоа, велат аналитичарите.

Израел врши „колективно казнување“ на Палестинците, обвинија девет арапски држави.

Обединетите Арапски Емирати, Јордан, Бахреин, Саудиска Арабија, Оман, Катар, Кувајт, Египет и Мароко го критикуваат Израел за убиство на цивили во Газа, тврдејќи дека „самоодбраната не го оправдува кршењето на меѓународното право и намерното непочитување на легитимните права на палестинскиот народ“.

Палестинскиот министер за надворешни работи Ријад ал Малики денеска изјави дека израелската офанзива на Појасот Газа е „војна за одмазда“ и повика на прекин на „едностраната агресија“.

foto EPA

Слично

Поврзани вести