Израел: Во ударите во Иран се убиени 40 клучни воени команданти
Израелските одбранбени сили информираат дека во вчерашните напади во Иран се убиени 40 „клучни“ ирански воени команданти, вклучувајќи го и началникот на Главниот штаб Абдолрахим Мусави. Велат дека овие 40 команданти, заедно со други високи ирански функционери, меѓу кои и врховниот лидер Али Хамнеи, биле убиени во напади изведени за помалку од една минута.
Наведуваат дека сега можат да ја потврдат смртта на Мусави во почетните удари. Тој дошол на чело на армијата по Мохамад Багери, кој беше убиен во израелски напади за време на војната во јуни 2025 година.
Според армијата, Мусави бил одговорен за „управување со иранскиот безбедносен апарат и надгледувал испукување на стотици балистички проектили кон израелска територија, кои убиле израелски цивили за време на операцијата“.
Израел соопшти дека „поголемиот дел од највисоките воени функционери на иранското безбедносно раководство се елиминирани“.
Најмалку 148 лица беа убиени, а 95 ранети во израелскиот напад врз женско основно училиште во Минаб, град во покраината Хормозган во јужен Иран, објави новинската агенција Мизан, повикувајќи се на локалните власти.
