ИЗРАЕЛ УБИ ВИСОК ВОЕН ФУНКЦИОНЕР: Иран вети сурова одмазда
Иран ја потврди смртта на висок воен функционер и вети сурова одмазда.
Израелската армија минатата недела тврдеше дека го убила Али Шадмани во ноќен напад врз команден центар во Техеран. Израел го идентификуваше Шадмани како началник на Генералштабот на Иран во време на војна и врховен воен командант.
Командантот на елитната командна станица на Иранската револуционерна гарда, Али Шадмани, почина од повредите здобиени минатата недела при израелските воздушни напади, потврди Иран, јави „Иран интернешнл“.
Израел соопшти дека Али Шадмани бил најблиската личност до врховниот лидер, ајатолахот Али Хамнеи.
Според иранските медиуми, командата на ИРГК ветила сурова одмазда за убиството на генералот Шадмани.
Инаку, Иран вчера објави дека 12 дневната војна со Израел завршува.
фото принтскрин
