Израел тврди дека ќе го врати Иран во камено доба само ако САД одобри
Израел тврди дека ќе го врати Иран во камено доба, само чека зелено светло од САД.
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека земјата е подготвена повторно да нападне Иран, но дека за нова акција се чека одобрување од САД.
Додава дека за напад врз нови цели, вклучително и чувствителна инфраструктура и врвот на режимот, се чека одобрување од САД.
Според неговата изјава, Израел не отстапува од намерата да дејствува против иранското раководство и против клучната инфраструктура, но овојпат конечната одлука зависи од ставот на САД. Кац порача дека израелските сили се подготвени и за напад и за одбрана, а целите веќе се определени.
Дали ќе има нов удар ќе зависи од тоа дали САД ќе дадат зелено светло, а тоа во моментов е едно од клучните прашања за развојот на кризата.
Војната на САД и Израел против Иран почна на 28 февруари годинава. Двете земји бараат Иран да се откаже од нуклеарната програма.foto printskrin youtube
