Економија, финансии, бизнис

Контакт

Израел тврди дека го убил Али Лариџани: Но, oбјавена е пораката од неговиот официјален профил

Израел тврди дека го убил Али Лариџани: Но, oбјавена е пораката од неговиот официјален профил

Високиот ирански функционер Али Лариџани е убиен синоќа во израелски воздушен напад во Иран, соопшти денеска министерот за одбрана, Израел Кац.

ИДФ потврди дека цел на нападот бил Лариџани, кој ја извршуваше функцијата секретар на Националниот совет за безбедност на Иран.

Во меѓувреме, ИДФ соопшти дека во друг напад е убиен и командантот на паравоените сили Басиџ, Голамреза Солејмани.


- Лариџани и командантот на Басиџ беа елиминирани во текот на ноќта и им се придружија на шефот на програмата за уништување, Хамнеи, и на сите елиминирани членови на оската на злото, во длабочините на пеколот - изјави Кац за време на утринската процена на безбедносната состојба, според соопштението од неговиот кабинет. 

Од друга страна рачно напишана порака беше објавена на сметката X на највисокиот ирански безбедносен службеник Ларијани, за кого израелската војска тврди дека е убиен, иако нема потврда од Техеран, објави Ал Џезира.

Пораката, споделена од државните медиуми на Иран, им оддаде почит на иранските морнари убиени во неодамнешниот американски напад, чии погреби се очекуваа денес.



Фото: Принтскрин/Икс

Слично

Поврзани вести