Економија, финансии, бизнис

Контакт

Израел телефонски предупреди 100.000 Палестинци: „Напуштете ги домовите!“

Израел телефонски предупреди 100.000 Палестинци: „Напуштете ги домовите!“
Израел ги продолжи воздушните напади врз Појасот Газа, а во исто време испрати телефонско предупредување до 100.000 Палестинци да ги напуштат своите домови и да се евакуираат. Само утрово, во израелските напади врз Газа загинале најмалку седум Палестинци, а уништена е и куќата на Махмуд Захар, еден од главните политички лидери на Хамас, за кој сепак се верува дека во времето на нападот се криел на друга локација. Ситуацијата дополнително ја отежна вчерашната порака со која Хамас се спротивстави на повиците на западните и на арапските земји за прекин на огнот. Ова го испровоцира Израел да најави зајакнување на офанзивата, која би можела да се претвори во копнена инвазија во Газа. Израелската војска утрово извести по телефон речиси 100.000 жители во северниот дел на Појасот Газа да ги напуштат домовите и да се евакуираат. Палестински официјални претставници велат дека се запознаени со предупредувањата, но ги советувале граѓаните да не ги слушаат израелските пораки, кои ги сметаат за психолошки притисок врз населението. Страшен телефонски повик: „Напуштете го домот, имате пет минути до ударот на ракета!“
Слично

Поврзани вести