ИЗРАЕЛ СРАМНИ СО ЗЕМЈА БЕГАЛСКИ КАМП, ЦЕЛ БИЛ КОМАНДАТ НА ХАМАС: „Во овој напад Израелците си убија седум свои луѓе“
Израелскиот воздушен напад врз густо населениот бегалски
камп Џабалија во северниот дел на Газа, чија цел беше командант на Хамас,
остави зад себе катастрофална сцена, убивајќи голем број луѓе во нападот,
според очевидци и медицински службеници во енклавата.
Израелската армија (ИДФ) го бомбардираше кампот двапати во еден ден. Во првиот напад загинати и раните имало околу 400 луѓе, а во вториот беа убиени шест. Уништувањето предизвика нов излив на тага и гнев поради цивилните жртви.
Според соопштението на ИД, цел бил Ибрахим Бијари, за кој велат дека бил убиен во нападот. Бијари е опишан како еден од командантите на Хамас одговорен за нападот на Израел на 7. октомври во кој загинаа 1.400 луѓе во Израел и киднапираа повеќе од 240. ИД, исто така, рече дека нападот погодил „многубројни други терористи на Хамас“.
Хамас: Седум заложници убиени во напад на кампот
Хамас, меѓутоа, остро го негираше присуството на еден од нивните лидери во бегалскиот камп. Хазем Касем, портпарол на милитантната група, го обвини Израел дека се обидува да ги оправда „гнасните злосторства против безбедноста на цивилите, децата и жените во кампот Џабалија“.
Хамас, исто така, тврди дека седум заложници биле убиени во израелски напад врз кампот. Вооруженото крило на групата, бригадата Ал Касам, денеска соопшти дека во нападот биле убиени седум заложници, меѓу кои и тројца странски државјани, објави Гардијан.
„Имаше огромен кратер полн со мртви луѓе, делови од тела насекаде“
Сведоците и преживеаните раскажаа за апокалипсата што ја нашле по нападот, а кој остави огромен кратер среде преполниот камп.
- Чекав во ред да купам леб, кога наеднаш, без никакво претходно предупредување, паднаа седум-осум проектили. На земјата имаше седум-осум огромни дупки, полни со убиени луѓе, делови од тела насекаде. Изгледаше како крај на светот – изјави за Си-Ен-Ен, Мохамед Ибрахим.
It looks like the apocalypse. A scene out of a doomsday movie. This is Jabaliya refugee camp in Gaza. This is genocide pic.twitter.com/m6eYUoEe3Q
— Remi Kanazi (@Remroum) October 31, 2023
Друг сведок, Ал Асвад, опиша „грозни сцени“ по израелскиот напад.
- Децата носеа други ранети деца и трчаа, сива прашина го исполни воздухот. Од урнатините висеа тела, многу од нив во непрепознатлива состојба. Некои крвареа, други изгореа - изјави тој за Си-Ен-Ен.
ФОТО: EPA-EFE/MOHAMMED SABER