Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗРАЕЛ САКА ДА ГО ОТСТРАНИ ХАМАС ОД ВЛАСТ: Дали воените дејствија ќе продолжат и во 2025 година?

ИЗРАЕЛ САКА ДА ГО ОТСТРАНИ ХАМАС ОД ВЛАСТ: Дали воените дејствија ќе продолжат и во 2025 година?

Израелските власти велат дека ако не ја уништат палестинската терористичка група Хамас нема да можат да живеат во Израел во мир. 

Министерот за одбрана Јоав Галант вети дека Израел ќе ги продолжи борбите во Појасот Газа додека не се вратат заложниците и Хамас не биде поразен.

„Ако Хамас целосно не го уништиме, нема да можеме да живееме во државата Израел“, им рече Галант на војниците на единицата Шајет 13.

Кажа дека ќе ги уништат сите воени капацитети и Хамас ќе ги отстранат од власт во Газа. 

„Единствениот начин и нешто што ги враќа заложниците е воениот притисок, бидејќи Хамас разбира само една работа“.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека нападите врз Појасот Газа би можеле да продолжат во 2025 година. Досега во Газа загинаам скоро 24.500 Палестинци. Хамас на 7 октомври лани почна со напади на Израел. 

Помошта за палестинските цивили и израелските заложници во Појасот Газа денеска е доставена до Египет за да биде пренесена во Појасот Газа преку граничниот премин Рафах, по договор со посредство на Катар и Франција.

Слично

Поврзани вести