Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗРАЕЛ ПРИФАТИЛ: Ќе има хуманитарни паузи од четири часа секој ден

ИЗРАЕЛ ПРИФАТИЛ: Ќе има хуманитарни паузи од четири часа секој ден

Има нови моменти во војната меѓу Хамас и Израел. Белата куќа соопшти дека Израел ќе спроведува хуманитарни паузи од четири часа секој ден.

Американскиот претседател Џо Бајден во понеделникот побара од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да воведе „дневни хуманитарни паузи“. Администрацијата на Бајден кажа дека обезбедила уште еден премин за цивилите да избегаат од борбите. Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, рече дека првата хуманитарна пауза ќе биде најавена денеска и дека Израелците се обврзале да го објавуваат секој четиричасовен прозорец најмалку три часа однапред.

Турција е подготвена да дејствува како гарант за да помогне во решавањето на војната помеѓу Израел и Хамас.

Високи претставници на палестинската група Хамас, вклучително и нејзиниот политички лидер Исмаил Ханија и нејзиниот поранешен шеф Калед Мешал, пристигнаа денеска во Каиро. Делегацијата се сретна со шефот на египетското разузнавање Абас Камел.

Претходно денеска Ројтерс објави дека шефовите на ЦИА и Мосад се сретнале со катарскиот премиер во Доха за да разговараат за договорот за ослободување на заложниците земени од Хамас во нападот на палестинската група врз Израел на 7 октомври, пренесува БТА.
Хамас на 7 октомври почна со напади на Израел. 

Слично

Поврзани вести