ИЗРАЕЛ ОБЈАВИ РАЗГОВОР МЕЃУ ПРИПАДНИЦИ НА ХАМАС ЗА БОЛНИЦАТА ВО ГАЗА - Тврди дека е доказ за нивна вклученост
Израел објави разговор меѓу двајца оперативци на Хамас за болницата Ал Ахли ал Араби.
На социјалната мрежа Х или поранешен Твитер, од акаунт на Министерството за надворешни работи на Израел објавен е разговор меѓу двајца оперативци на Хамас за болницата Ал Ахли ал Араби.
Израел посочува дека во повикот оперативците на Хамас зборуваат за тоа како болницата Ал Ахли ал Араби била погодена со ракета истрелана од Газа. Снимката од разговорот беше објавена за време на брифингот на ИД на која Израел ја негираше одговорноста за експлозијата во болницата.
Hamas terrorists in their own voices:
— Israel Foreign Ministry (@IsraelMFA) October 18, 2023
Listen to the conversation between Hamas operatives as they discuss the failed Islamic Jihad rocket launch on the Al-Ahli Baptist Hospital on October 17, 2023 pic.twitter.com/PUUuqE2Imu
Да потсетиме, репортер на „Вашингтон пост“ објави видео на кое наводно се гледа моментот кога ракета ја погоди болницата Ал-Ахли во Газа. Во нападот загинаа најмалку 500 луѓе, а бројот на жртвите сега се смета дека надминува 1.000 луѓе. Палестинскиот претседател Махмуд Абас прогласи тридневна жалост и ја откажа средбата со претседателот на Соединетите Американски Држави, Џозеф Бајден, која требаше да се одржи во среда во Јордан.
Израел првично тврдеше дека Хамас е одговорен за бомбардирањето на болницата. Сепак, тој подоцна повторно се огласи и изјави дека има разузнавачки информации кои укажуваат дека палестинската исламистичка група Џихад е одговорна за ракетниот напад.
Фото: Принтскрин/Твитер