ИЗРАЕЛ НЕМА ДА ЗАПРЕ: Ако сакате мир, мора да го елиминираме Хамас
Израел и натаму останува на ставот дека сака да ја уништи палестинската терористичка група Хамас.
„Хамас ја загуби контролата над Газа и сега нема каде да се сокрие“, вели израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Тој рече дека неговата земја е целосно подготвена на својот северен фронт. Израел разменува оган со либанската милитантна група Хезболах на нејзината северна граница. Нетанјаху додаде дека го предупредил Хезболах дека војувањето со Израел ќе биде фатална грешка што ќе ја одреди судбината на Либан.
„Израел нема да застане додека не ја завршиме нашата мисија. Нашата единствена цел е да победиме“, рече Нетанјаху, мислејќи на војната со Хамас.Премиерот додаде дека продолжува да има секојдневни контакти со претседателот на САД, Џо Бајден и дека се’ уште има политичка и етичка поддршка од американската администрација. Рече дека никаков притисок нема да го одврати Израел од намерата.
„Никаков меѓународен притисок, никакви лажни обвинувања нема да не’ оттргнат од нашата цел. Ако сакате мир, мора да го елиминираме Хамас“, рече Нетанјаху.
Низ државата се одржуваат собири и демонстрации со барање за ослободување на околу 240 заложници кои ги држат Хамас и другите милитантни групи во Појасот Газа од 7 октомври. Главниот митинг се одржува во Тел Авив. Хамас на 7 октомври почна до напади на Израел. Тие сакаат формирање на независна држава Палестина со главен град Ерусалим. Во Газа загинаа над 11.000 луѓе.
