Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗРАЕЛ НЕМА ДА ДОЗВОЛИ ПОВТОРУВАЊЕ НА НАПАДИТЕ ОД 7 ОКТОМВРИ: Терористи на Хамас сакале да избегаат на југ

ИЗРАЕЛ НЕМА ДА ДОЗВОЛИ ПОВТОРУВАЊЕ НА НАПАДИТЕ ОД 7 ОКТОМВРИ: Терористи на Хамас сакале да избегаат на југ

Израел тврди дека членови на Хамас од север бегале на југ во Појасот Газа. 

„Израелските одбранбени сили (ИДФ) пукале кон луѓето кои се евакуираа од северот на Газа кон југ, но тоа било затоа што тие биле членови на Хамас“, изјави за Би-Би-Си портпаролот на ИДФ, потполковник Ричард Хехт.

Претходно неделава цивилите кои бегаат од борбите во северниот дел на Газа опишаа дека виделе тела во распаѓање и израелски тенкови долж назначениот „безбеден пат“ или коридор за евакуација.

Хехт кажа дека не може да шпекулира за крајот на војната, само додаде дека не можат да дозволат нападите на Хамас на 7 октомври да им се повторат.

Израел тврди дека Хамас ги држи Палестинците како жив штит и дека милитантите се кријат околу болници и други објекти. Во Газа загинаа над 11.000 Палестинци. 

Слично

Поврзани вести