ИЗРАЕЛ ЌЕ ВРШИ ПРИТИСОК: Спремни се да ги напаѓаат тунелите и бункерите на Хамас
Ќе ги притиснеме и на земја и под земја, вели Израел за терористичката група Хамас.
Израелските сили се подготвени да ги нападнат милитантите на палестинската група Хамас во нивните подземни тунели и бункери во северниот дел на Појасот Газа, откако го изолираа регионот со војници и тенкови.
Израелската армија напредуваше подлабоко во Газа на север и зазела позиции по должина на брегот. Со тоа Појасот Газа практично е поделен на север и југ. Жителите добија предупредување да се евакуираат на југ. Ноќеска и денеска, израелските сили погодиле 450 цели на Хамас.
„Сега ќе почнеме да ги притискаме. Кога велам „притискаме“, тоа значи и на земја и под земја“, рече портпаролот на Израелските одбранбени сили (ИДФ), потполковник Ричард Хехт.
Катарската телевизија Ал Џезира и радиото Ал Акса, објавија дека израелските сили нападнале инсталации на соларни панели на зграда во болничкиот комплекс „Ал Шифа“ во градот Газа.
На 7 октомври Хамас почна со напади на Израел. И двете завојувани страни велат дека ќе победат.Белгискиот премиер, Александре де Кро, смета дека она што се случува денеска во Газа „веќе не е пропорционално“, пренесува британски „Гардијан“. Се смета дека во Газа загинале над 10.000 Палестинци.
Фото: Yousef Masoud/SOPA Images / Shutterstock Editorial / Profimedia
