ИЗРАЕЛ ИЗВРШИ НАПАД НА СИРИЈА: Бројот на жртви се искачи на 14
Сирија соопшти дека бројот на загинати во израелските напади се искачи на 14.
Додаваат дека 43 се повредени во серија израелски напади во текот на ноќта врз провинцијата Хама, централна Сирија. Информацијата денеска ја пренесе државната новинска агенција Сана.
Израел во нападите гаѓал голем број воени локации во централниот регион, а сириските сили за воздушна одбрана пресретнале и собориле некои од проектилите.
Се смета дека цел на нападот бил воено - истражувачки центар.
Лани на 7 октомври Хамас го нападна Израел и војната уште трае.
foto EPA
Слично
