Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗРАЕЛ ИСТРЕЛА 450 РАКЕТИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА: Има нови жртви, загинаа жени и деца

ИЗРАЕЛ ИСТРЕЛА 450 РАКЕТИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА: Има нови жртви, загинаа жени и деца

Израел за  40 минути  истрела 450 ракети кон Појасот Газа. Бројот на загинати Палестинци скокна на 119 луѓе. Меѓу жртвите има голем број малолетни деца и жени.

Нападите на израелската армија се насочени кон Хамас и останатите вооружени палестински групи, но поради густото население често  има и цивилни жртви.

Израелскиот премиер Бенјамин Нејтанаху порача дека е рано за мировни разговори, и дека Израел ќе продолжи да ги брани својот народ од нападите на исламистичките групи. Од почетокот на конфликтот, пријавени се околу 830 повредени во Појасот Газа. 

Многу Палестинци се принудени да бараат засолниште во бегалските кампови.

Австрија денеска постави израелско знаме на официјалните згради „во знак на солидарност поради нападите на израелската територија од Појасот Газа од страна на палестински Хамас и други терористички групи”. Австриските власти ги осудија нападите на Хамас. 

Слично

Поврзани вести