ИЗРАЕЛ ИМА ПРОБЛЕМ: Драстично се намалил бројот на туристи
Драстично е намален бројот на туристи во Израел.
Израелските медиуми пишуваат дека во првата половина на 2024 година, бројот на пристигнувања на странски државјани во земјата изнесувал четвртина во однос на истиот период во 2023 година.
„Во првата половина на 2024 година, во Израел пристигнале 501.000 туристи, во споредба со 2,1 милиони во истиот период во 2023 година. Во текот на месец јуни, бројот на странци кои влегле во Израел бил само 97.700 во споредба со 355.200 во истиот месец минатата година“, покажува статистиката.
Се намалил и бројот на Израелци кои решиле да патуваат во странство. Во јуни 2024 година, 757.000 Израелци решиле да патуваат, додека во истиот период од 2023 година таа бројка изнесувала 979.400.
На 7 октомври 2023 година палестинската терористичка група Хамас го нападна Израел. Војната уште трае.
foto freepik.com/EyeEm
