Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗРАЕЛ ИМА БРОЈКИ КОИ СЕ КАЖУВААТ - постарите што не се вакцинирани шест пати повеќе добиваат тешка форма на ковид од вакцинираните

ИЗРАЕЛ ИМА БРОЈКИ КОИ СЕ КАЖУВААТ - постарите што не се вакцинирани шест пати повеќе добиваат тешка форма на ковид од вакцинираните

Поради ширење на позаразната делта варијанта на корона вирусот, стапката на тешка форма на Ковид-19 во Израел е шест пати поголема кај постарите луѓе кои не се вакцинирани отколку кај вакцинираните на иста возраст.

Според податоците на Министерството за здравство, меѓу вакцинираните Израелци на возраст од 60 години и постари, 16,6 лица на 100.000 се во тешка состојба, додека 98,5 од тешките случаи се меѓу невакцинираните.

Во моментов Израел се соочува со уште едно нагло ширење на инфекцијата, а лекарите предупредуваат дека е достигната „критична точка“.

Како и во другите земји каде што е регистрирана делта варијантата и во Израел е забележан пад на ефикасноста на вакцината. Министерството за здравство на почетокот на јули објави дека ефикасноста на вакцината во спречувањето на инфекцијата е 64 отсто, додека претходно била околу 90 отсто.

„Меѓутоа, клучниот параметар е сериозната форма на болеста. Постои причина за оптимизам, бидејќи статистиките покажуваат дека и покрај високата стапка на зараза на делта варијантата, вакцината сепак спречува тешки заболувања“, вели професорот Надав Кац, статистичар за коронавирус на Хебрејскиот универзитет.

Кај луѓето под 60-годишна возраст кои не се вакцинирани на секои 100.000, просечно 1,6 се во сериозна состојба, а 0,5 кај оние кои се целосно вакцинирани.

Во Израел, 5,4 милиони од вкупно 9,3 милиони луѓе ја примиле втората доза, а околу 577.000 граѓани постари од 60 години се вакцинирани и со трета доза.

Слично

Поврзани вести