Економија, финансии, бизнис

Контакт

Израел и Либан договорија прекин на огнот - до кога?

Израел и Либан договорија прекин на огнот - до кога?

Израел и Либан договорија 10-дневен прекин на огнот.

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа Truth Social објави дека е постигнат договор за десетдневен прекин на огнот меѓу Израел и Либан, кој треба да почне денеска во 23 часот. Целта е постигнување траен мир меѓу двете земји. 

„Штотуку имав одлични разговори со почитуваниот либански претседател Џозеф Аун и израелскиот премиер Биби Нетанјаху. Двајцата лидери се согласија дека, со цел да се постигне мир меѓу нивните земји, официјално ќе почнат десетдневно примирје“, напиша Tрамп.

Кабинетот на либанскиот претседател Џозеф Аун претходно потврди дека тој разговарал телефонски со Трамп.

Според извештај на катарската телевизија Ал-Араби, Трамп му рекол на Аун дека објавата за примирје во Либан се очекува во наредните часови.

Инаку, Израел врши напади на цели на Хезболах во Либан. 

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести