Израел и Грција: Турција ја финансира „Исламска држава“
Турција „им овозможува на џихадистите да се движат од Европа кон Сирија и Ирак и обратно, како дел од терористичката мрежа на „Исламска држава“, тврди министерот за одбрана на Израел.
Министерот за одбрана на Израел Моше Јалон во вторникот изјавил дека Турција го поддржува тероризмот наместо да се бори со него, дозволувајќи и на „Исламска држава“ да се насладува на „турските пари против нафта“, пишува израелски весник.
Тој е категоричен дека нормализирањето на односите помеѓу Израел и Турција зависат од раскинувањето на овие практики од страна на Анкара.
Израелскиот министер го изјавил ова по состанокот со својот грчки колега Панос Каменос.
„Исламска држава“ од пред многу долго време се финансира со пари од Турција и нафтата. Се надевам дека оваа практика ќе биде прекината“, изјавил Јалон, додавајќи дека Истнбул станал „штаб на терористите од Хамас“ надвор од Газа.
Јалон дури најавил дека Турција „им овозможува на џихадистите да се движат од Европа кон Сирија и Ирак и обратно, како дел од терористичката мрежа на „Даеш“.
Министерот за одбрана на Израел, изјави дека „зависи од Турција, турската влада и турските лидери, да одлучат дали ќе престанат и Турција ќе покаже волја да се помират постапките со нас, тогаш Турција ќе може да стане дел од заедничките напори во регионот за борба против тероризмот, наместо да го помага“.
Јалон смета дека за „уништувањето на „Исламска држава“ ќе биде потребно време, но сосема е можно“, објаснувајќи дека „Исламска држава“ е во Сирија, Ирак, Синај (во Египет), Либија и нивната идеологија на убиства веќе е насекаде, вклучително и во западните земји, каде терористите инспирирани од „Даеш“ извршија терористички напади“.
За возврат неговиот грчки колега Панос Каменос соопштил дека Анкара го купува поголемиот дел од нафтата, кој се произведува на териториите под контрола на „Исламска држава“ и на тој начин ги финансира терористите. Каменос ја повика Анкара да преземе мерки да се ограничи протокот на мигранти кон Европа.
Уште на 2 декември 2015 година, заменик-началникот на рускиот Генералштаб Сергеј Рудскои соопштил за доказите дека во Турција се испорачуваат петрохемиски супстанци од териториите што се наоѓаат под контрола на терористите.
На 30 ноември претседателот на Турција, Реџеп Ердоган изјавил дека ќе поднесе оставка ако се потврди информацијата за купувањето на нафта од „Исламска држава“. Во истиот ден рускиот претседател Владимир Путин изјавил дека рускиот самоубиец Су 24 беше соборен од турските воздухопловни сили за заштита на испораките на нафта од „Исламска држава“.
