ИЗРАЕЛ ГО УБИ И НАСЛЕДНИКОТ НА НАСРЛА?: Не можат да го најдат
Човекот кој многумина го сметаат за наследник на убиениот
Хасан Насрала како лидер на Хезболах е „недостапен“ од синоќа.
Тројца либански безбедносни извори изјавија за Ројтерс дека израелските воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут ги спречиле спасувачите да го пребараат местото на нападот во кој бил Хашем Сафиедин.
Еден од изворите рече дека Сафиедин е недостапен од синоќа.
Продолжува гранатирањето на веќе уништениот Бејрут
Израел вчера и денеска изврши интензивни напади во регионот Дахије јужно од Бејрут, главниот град на Либан. Како резултат на нападот, многу згради во регионот беа уништени или сериозно оштетени.
Експлозии се слушнаа во јужните предградија на Бејрут рано утринава, додека израелската армија упати три предупредувања до жителите на областа веднаш да се евакуираат.
Хезболах, поддржан од Иран, рече дека израелската армија се обидува да се инфилтрира во јужниот либански град Одаисех, каде борбите продолжија.
Продолжува и евакуацијата на странски државјани од Либан.
фото: EPA-EFE/WAEL HAMZEH