Економија, финансии, бизнис

Контакт

Израел го продолжува бомбардирањето: Двајца Палестинци загинати

Израел го продолжува бомбардирањето: Двајца Палестинци загинати

Двајца Палестинци загинаа во текот на ноќта од нападите на израелската авијација на појасот Газа на 49 ден од офанзивата на Израел против борбеното палестинско Движење Хамас, соопшти денеска палестинската служба за итна помош.

Израелската војска соопшти дека во текот на ноќта 16 пати го бомбардирала појасот Газа, а дека Палестинците исфрлиле една ракета на Израел.

Вкупно 2.122 Палестинци загинале од 8 јули кога израелската војска покренала операција во Појасот Газа, кој е под сопственост на Хамас.

На израелската страна имаа 68 жртви-64 војници и четири цивили.

   
Слично

Поврзани вести