Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Израел е бесно куче, Палестинците треба да ги воружиме“

„Израел е бесно куче, Палестинците треба да ги воружиме“
Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хаменеи го нарече израел „побеснето куче“ и ги повика исламските земји да ги вооружат Палестинците. „Разбеснето куче, див волк, напаѓа невини луѓе, деца кои недолжно го загубија животот. Она што го прават лидерите на ционистичкиот режим е геноцид и историска катастрофа“, рекол Хаменеи во директно телевизиско обраќање. Тој нагласил дека „целиот свет, а особено муслиманскиот“ треба колку може да ги вооружи Палестинците. „Народ обиколен на мала територија, со затворени граници, кој нема ниту вода ниту струја, се соочува со вооружен непријател каков што е ционистичкиот режим... Тој народ дава отпор без попуштање. Тоа е лекција за сите нас“, рекол Хаменеи. Иран не го признава Израел и им дава недвосмислена поддршка на палестинските исламски движења Хамас и Исламски џихад. Ирански официјални претставници признаа дека ги снабдиле Палестинците  со технологија за производство на ракетите кои сега се употребуваат за напад на израелските градови. Американскиот претседател Барак Обама во разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху истакна дека секое долгорочно решение на израелско-палестинскиот конфликт треба да подразбира и разоружување на терористичките групи и демилитаризација на Газа.  
Слично

Поврзани вести