ИЗРАЕЛ ДО ИРАНЦИТЕ: Ако живеете во близина на иранските воени објекти, заминете за да ги заштитиме вашите животи
Израелската војска издаде предупредување до иранските граѓани кои живеат во близина на иранските воени објекти. Им порачаа дека „би можеле да бидат цел“ ако останат во своите домови.
„Ве молиме веднаш да ги напуштите овие области за да ги заштитите вашите животи и безбедност. Не се враќајте во вашите домови до понатамошно известување“, се вели во соопштението на израелската армија.
Израелската армија бара од Иранците да ги напуштат областите каде што, како што тврдат, има фабрики за производство на оружје.
Нападите на Израел врз Иран продолжија и ноќеска, а целите беа гасните и нафтените полиња во земјата, како и цивилната инфраструктура во Техеран.
Но, Иран изврши ракетен напад врз Израел во два брана во текот на ноќта. Загинаа 13 луѓе.
Досега 22 македонски државјани побарале помош да се вратат дома од Израел.
