ИЗНЕНАДУВАЊЕ: Путин и овој политичар се како браќа
Топлиот поздрав на рускиот претседател Владимир Путин и принцот Салман е изненадување за западните земји
Путин и контроверзниот саудиски принц Мохамед бин Салман срдечно се поздравија на самитот на Г20, кој се одржува во аргентинскиот главен град, Буенос Аирес.
Западните медиуми, пишуваат дека идниот владетел на Саудиска Арабија, кој е во центарот на вниманието поради сомнежите дека го наредил убиството на новинарот Џамал Кашоги, бил осамена фигура во просторијата додека не се појавил Путин, кој седнал до него. Путин се насмеал кога го видел. Инаку, деновиве се појави информација дека убијците за седум минути го искасапиле новинарот кој исчезна откако влегол во конзулатот во Истанбул.
Слично
