ИЗНЕНАДУВАЊЕ: Кој е најплатен фудбалер на светот?
Најплатен фудбалер на светот не е ниту Кристијано Роналдо, ниту Лионел Меси. Според британскиот фудбалски магазин Ворлд Сокер, еден друг фудбалер го држи врвот на листата на најплатени фудбалери.
Тоа е ѕвездата на ПСЖ Златан Ибрахимовиќ, кој има годишна плата од 14, 6 милиони евра! На второ место е Роналдо со 14, 4, а Меси е дури на петтото место со плата од 10,7 милиони евра. Аргентинецот е секако изненаден од оваа листа, на која пред него се и Радамел Фалкао и Тиаго Силва.
Податоците на угледниот британски магазин се разликуваат од претпоставките на шпанските медиуми, според кои Роналдо, со последното продолжување на договорот со Реал Мадрид си издејствувал плата од околу 17 милиони евра, и така станал најплатен фудбалер на светот.
Меси допрва треба да влезе во нова рунда преговори со челниците на Барселона.
Еве кои се петте најдобро платени фудбалери во светот според Ворлд Сокер:
Златан Ибрахимовиќ (ПСЖ): 14,6 милиони евра
Кристијано Роналдо (Реал Мадрид): 14,4 милиони евра
Радамел Фалкао (Монако): 14,1 милиони евра
Тиаго Силва (ПСЖ): 12,1 милиони евра
Лионел Меси (Барселона): 10,7 милиони евра
Слично
