Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗНЕНАДУВАЊЕ: На Марс пронајдена сонда која била изгубена пред 11 години

ИЗНЕНАДУВАЊЕ: На Марс пронајдена сонда која била изгубена пред 11 години
Британската вселенска агенција соопштила денес дека на површината на Марс била пронајдена сондата „Бигл2“ на која пред 11 години и била изгубена секаква трага. „Роботот Бигл 2 за кој верувавме дека исчезна во 2003 година пронејден е на површината на црвената планета“, се истакнува во соопштението на британската агенција, додавајќи дека со ова се става точка на десетгодишната мистерија. mars2 Фотографиите со висока резолуција, снимено од орбитата, покажуваат дека „Бигл 2“ останал неоштетен. Роботот бил составен од повеќе расклопливи делови од кои еден дел се отворил. „Со оглед на тоа дека сондата не се расклопила во потполност, не постоел начин да се воспостави контакт со неа“, објаснил за „BBC“ професорот Марк Симс од Универзитетот во Листер кој е менаџер на мисијата Бигл. Тој рекол дека радиската антена останала заглавена под соларните панели и навел дека околу причините за неуспех на мисијата може само да се шпекулира, но дека е возможно, а тоа и најверојатно се случило, сондата силно да отскокнала за време на атерирањето што предизвикало искривување на нејзината структура. mars3 Британската сонда по шестмесечно патување требаше да слета на Марс на 25 декември 2003 година. Но штом орбитерот „Марс Експрес“ ја исфрлил сондата на 19 декември, таа исчезнала од радарот. За дефинитивно изгубена била прогласена на шести февруари 2004 година. Европската сонда „Марс Експрес“, првата европска мисија на Марс, на втори јуни 2003 година беше лансирана од базата во Бајконур во Казакстан. Генералниот директор на Европската вселенска агенција Жан Жак Дорден изјавил дека она што пред „11 години делувало како неуспех изгледа дека не било потполно промаршување, бидејќи сондата сепак била приземјена“. Мисијата на Европската вселенска агенција се состоела од орбитер кој полетал со седум инструменти за детекција и набљудување како и со сондата Бигл 2 која била опремена со бушилица која имала задача од двометарска длабочина да земе примерок од површинта на Марс. Орбитерот „Марс Експрес“ ги започна своите научни набљудувања според предвиденото, во јануари 2004 година, со проучување на атмосферата, структурата и геологијата на црвената планета.  
Слично

Поврзани вести