ИЗНЕНАДУВАЧКИ ПОДАТОЦИ: Ова се најбрзо растечките градови во светот
До 2025 година кинескиот град Шенжен ќе биде дом на над 12 милиони луѓе. Во 1950 година бил рибарското село со едвај 3148 жители.
Во 1960 година единствениот град во суб-Сахара во Африка со население над 1 милион луѓе бил Јоханесбург во Јужна Африка.
Десет години подоцна бројката достигнува 4, а до 2010 година станува импресивни 33 во градот.
Насекаде во светот урбанизацијата е видлива. Според проценките, до 2050 година 70% од светското население ќе живее во урбани области. Колку брзо растат градовите? Тоа зависи од бројни фактори. Во Европа 73% од луѓето живеат во урбани зони, во Јужна Америка - 82%. Но, тоа не значи дека на запад процесите се забави.
Населението на Лондон и Њујорк се зголемува соодветно со 9 и 10 луѓе во час. Претходно оваа година британската престолнина достигна рекордни 8,6 милиони жители.
Во Африка и Азија процентот на оние што живеат во градовите се уште е под 50%. Но, тоа се менува со грандиозно темпо. Кина и Индија - земјите со над милијарда жители, се развиваат брзо. Населението на Делхи се зголемува со 79 лица во час, на Бомбај - со 51 луѓе во час. Населението на Шангај - со 53 лица во час.
Во табелата подолу од "Гардијан" може да се види со колку луѓе во час се зголемува населението на големите градови во светот:
Најсериозни се бројките во Лагос, Нигерија - 85 лица во час и Делхи - 79 луѓе во час. Остава впечаток дека најбрзо растечко е населението на градовите во Азија и Африка.

