ИЗМЕРЕНИ 50 СТЕПЕНИ: Владата им даде слободен ден на работниците
Ирачката влада им даде задолжителен одмор денеска поради жештината на вработените, објави Асошиетед прес.
Одлуката беше донесена откако температурите во земјата достигнаа 50 степени.
Ова е првото предупредување за опасната топлина издадена од властите ова лето.
Денот е слободен за сите вработени во јавниот сектор.
Националната метеоролошка служба предупреди дека температурите во голем дел од Ирак ќе се зголемат на 51 степени.
Минатата година температурите достигнаа 51 степени во Багдад и 53 степени во Басра, поради што властите воведоа задолжителен дводневен одмор.
Слично
